Слим микс

ЧАЈНА МЕШАВИНА ЗА НАМАЛУВАЊЕ ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА

Претставува мешавина од кора од крковина (крушина), зајчев трн, корен од глуварче, слатко дрвце, камилица и сладок анасон. Сите компоненти во мешавината придонесуваат за намалување на телесната тежина преку забрзување на перисталтиката на цревата, обезбедување редовно празнење на цревата, намалување на ресорпцијата на материите и зголемена елиминација на вишокот течности.

Се препорачува да се користи неколку пати во тек на денот, после оброк, незасладен.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: филтер - кесички 20 х 2 g, 100 g.