Петровец

(Agrimonia eupatoria, fam. Rosaceae)

Ова е трајна зелјеста билка што расте насекаде.

Лисјата се пересто разделени, цветовите се ситни и жолти, и целата билка е обрасната со ситни и меки влакненца.

Употреба

Претставува типична танинска горчлива ароматична дрога, која се употребува како лек против дијареја, катар на желудник и црева, заболувања на жолчката и на црниот дроб.

Како еднокомпонентен чај или во комбинација со диуретични и со уроантисептични билки, се користи за третман на заболувања на урогениталниот тракт, бубрезите и на мочниот меур.