Кратекор

ЧАЈ ЗА СРЦЕ

Чајна мешавина од лист и цвет од глог, цвет од хибискус, маточина, плод од шипка и сладок анасон. Се препорачува за намалување на зголемениот крвен притисок кај лица со лесна хипертензија, за подобрување на работата на срцето, поволно дејствува при состојби на раздразнетост кои резултираат со нарушување на срцевата работа, како тахикардија и други нарушувања.

Се препорачува да се пие неколку пати на ден, пред оброк.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: филтер - кесички 20 х 2 g.