Хиперик микс

ЧАЈ ЗА СМИРУВАЊЕ НА ЖЕЛУДОЧНИТЕ ТЕГОБИ

Чајната мешавина од лист од маточина, нане, ајдучка трева, жолт кантарион, жалфија и крушина се препорачува за подобрување на фунцијата на желудникот. Присутните компоненти во мешавината благотворно дејствуваат на функцијата на желудникот, стимулирајќи го лачењето на неговите сокови, смирувајќи ги спазмите, дејствувајќи антибактериски и противвоспалително, особено во случаи на чир на желудникот. При состојби на надразнетост на слузокожата на желудникот, ги смирува симптомите на гадење и повраќање. Воедно, сите присутни компоненти го подобруваат варењето на храната и придонесуваат за смирување на желудочните тегоби.

Се препорачува да се пие секогаш свежо приготвен, пред оброк, неколку пати во тек на денот.

Ве молиме, задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: 100 g.