Хелимента микс

ЧАЈ ЗА СМИРУВАЊЕ ВОСПАЛЕНИЕ НА ЖОЛЧНИТЕ ПАТИШТА

Чајна мешавина од лист од нане, смил, камилица, кора од крушина и пелин и други билки кои дејствуваат противвоспалително и спазмолитично, особено на жолчните патишта. Сите билки во мешавината придонесуваат за подобрување при варењето храна, смирување на воспалителните процеси во жолчката и регулирање на нејзината функција.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: 50 g.